Русија надмина три милиони случаи на зараза, рекордни дневни бројки од почетокот на зимата

Русија денес го помина прагот од 3 милиони случаи на зараза со коронавирусот во земјата која со сета сила ја зафати вториот бран на заразата, додека властите сè уште одбиваат да воведат карантин на државно ниво.

EPA-EFE

Според официјалните податоци објавени од власта, Русија сега има 3.021.964 случаи на ковид-19 и 54.226 смртни случаи. Земјата, четврта во светот според зафатеноста со епидемијата, има 29.258 новозаразени и 567 умрени во последните 24 часа.

Бројките на нови случаи на зараза и умрени се рекордни секоја недела од почетокот на зимата, а најзафатени се Москва и нејзиниот регион, како и Санкт Петербург.

Состојбата е исто така загрижувачка во најсиромашните региони кои често се послабо опремени.

Официјалните податоци објавени од руските власти сведочат за пониска смртност отколку во Западна Европа и во Соединетите Американски Држави, со што со месеци се гордее и го истакнува претседателот Владимир Путин.

Тој минатата недела на годишната конференција за новинарите оцени дека Русија подобро се справила со пандемијата од Западот.

Руските власти по обдукцијата во статистиката ги вбројуваат само смртните случаи чија главна причина за смртта е ковид-19.

Руската официјална статистичка агенција Росстат забележала во октомври 2020 речиси 50.000 повеќе умрени во однос на октомври 2019. Меѓу март и крајот на октомври имало речиси 165.000 смртни случаи повеќе во однос на 2019, што сугерира потешка состојба од онаа која властите ја признаваат.

Владата засега одбива да воведе карантин на ниво на целата земја за да ја поштеди економијата и смета на масовното вакцинирање со спутник V.

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко на државната телевизија денес оцени дека вакцината е „безбедна и ефикасна“ за масовно вакцинирање и одобри вакцинирање на лицата постари од 60 години.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе