Русија: На системот за контрола на ширењето на нуклеарното оружје му се закануваат сериозни предизвици

Руското министерство за надворешни работи денес ги обвини Соединетите Американски Држави дека зазеле „деструктивен став“ за договорот за забрана на нуклеарни тестирања (ЦТБТ) и дека се спремаат за нови тестови.

EPA-EFE

Денес е дваесеттата годишнина од руското потпишување на ЦТБТ, а Русите тврдат дека на системот за контрола на ширењето на нуклеарното оружје му се закануваат сериозни предизвици, и го повикуваат Вашингтон да го смени својот став.

Москва тврди дека ситуацијата околу ЦТБТ „сериозно се влошува“.

„Русије ги повикува пред сѐ Соединетите Држави повторно да го разгледаат својот став и да „дадат зелено светло“ за измена на овој договор важен за глобалната безбедност, за да стане целосно функционален меѓународен правен инструмент“, соопшти руското министерство.

САД претходно ги отфрлија руските обвинувања дека планираат да го напуштат ЦТБТ под изговор дека Москва прва го прекршила.

Вашингтон, кој од минатата година официјално се повлече од договорот за нуклеарните проектили со краток и среден дострел, го потпиша но не го ратификуваше ЦТБТ, со уште седум држави.

САД ја почитува забрана за нуклеарни тестирања одредена од ЦТБТ, но американските медиуми во последно време пишуваат дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп размислува за нови тестови.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе