Путин потпиша нови правила за употреба на нуклеарно оружје

Русија на напад со конвенционално оружје може да одговори со нуклеарно оружје

Рускиот претседател Владимир Путин донесе уредба со која се овозможува руската војска како одговор на конвенционален напад насочен на владата и воената инфраструктура да може да употреби нуклеарно оружје.

Во согласност со руската воена доктрина, новиот документ потврдува дека земјата може да користи нуклеарно оружје како одговор на нуклеарен напад или агресија со конвенционално оружје што претставува директна „закана за самиот опстанокот на државата“, според уредбата објавена на веб-страницата на Кремљ.

Уредбата нуди детален опис на ситуации што можат да предизвикаат употреба на нуклеарно оружје. Тие вклучуваат употреба на нуклеарно оружје или друго оружје за масовно уништување против Русија или нејзините сојузници и непријателски напад со конвенционално оружје што го загрозува постоењето на земјата.

Покрај тоа, во уредбата сега се наведува дека Русија може да ги искористи своите нуклеарни арсенали доколку добие „доверливи информации“ за лансирани балистички ракети кои ја таргетираат нејзината територија или на нејзините сојузници и, исто така, во случај на „непријателски напад врз критично важната влада или воените објекти на Руската Федерација, чие онеспособување може да резултира во неуспех за освета на нуклеарните сили“.

Путин, според извршната уредба, го задржува правото, како претседател, да донесе конечна одлука за употребата на нуклеарното оружје.

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе