Русија на Кинезите им забрани влез на својата територија

Русија објави дека од четврток им забранува влез на кинеските државјани на својата територија, што е нова драстична мерка со која сака да го сопре ширењето на епидемијата на коронавирусот.

„Влезот на кинеските државјани преку руските граници се сопира од 20 февруари за бизнис, приватните, студиски и туристичките патувања“, кажа Татјана Голикова, вицепремиерка за здравство, пренесуваат руските агенции.

Одлуката е донесена поради „ширењето на епидемијата во Кина и поради тоа што кинески државјани и понатаму пристигнуваат на руската територија“, објасни Голикова, која ја предводи работната група задолжена за борба против коронавирусот.

Бројни Кинези престојуваат во Русија како туристи, студенти или работат таму, а низ руските аеродроми минуваат во транзит меѓу Кина и Европа.

Руските власти преземаа строги мерки за спречување на епидемијата на вирусот Ковид-19 кој до денес однесе речиси 1.900 животи во светот. Москва нареди затварање на околу 4.250-километарската граница меѓу Русија и Кина, прекин на железничките врски и намалување на бројот на летови кон кинеските дестинации.

Официјално во Русија повеќе нема заболени од коронавирусот откако минатата недела од болница излегоа двајца пациенти, кинески државјани. Руските лекари кажаа дека кај двата случаи заразата била слаба.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе