Русија му врачи демарш на амбасадорот на Австрија

Руското Министерство за надворешни работи упати протестна нота до амбасадорот на Австрија во Москва, Јоханес Ајгнер.

Причината за демаршот се наводите за вмешаноста на поранешен австриски полковник во шпионажа во корист на Русија, пренесува ТАСС.

Ајгнер претходно беше повикан во руското Министерство за надворешни работи поради инсистирањето на Виена дека пензионирани воени офицери се осомничени за вмешаност во шпионски активности за Москва.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц и министерот за одбрана Марио Кунасек утрово потврдија дека државниот обвинител покренал истрага откако добил информации од странска разузнавачка служба дека пензиониран полковник на австриската војска за време на активната служба 30 години шпионирал за Русија.

Курц на вонредна прес-конференција ги осуди дејствата на Русија и рече дека такво нешто не е во ред.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека е „непријатно изненаден“ бидејќи од Виена не добил барање за појаснување на ситуацијата со пензионираниот австриски полковник.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе