Пресуда на Меѓународниот суд

Русија мора веднаш да ѝ ги врати бродовите на Украина и да ги ослободи морнарите

Меѓународниот суд за морско право пресуди дека Русија мора да ги ослободи трите украински воени брода што ги заплени во ноември, како и 24 морнари.

Оваа одлука беше донесена денеска во Хамбург, во спорот што Украина го покрена против Русија пред овој суд.

Претседателот на судот Џин-Хјун Паик рече дека собранието одлучило дека Русија мора веднаш да ги врати бродовите во Украина, да ги ослободи морнарите заробени зашто ја прекршиле меѓународната граница и да им дозволи да се вратат во својата земја.

Тој рече и дека Русија и Украина мораат до 25 јуни до Трибуналот да поднесат извештаи за инцидентот во Керченскиот теснец.

Трибуналот ги повика двете страни да избегнуваат чекори што би можеле да ја ескалираат ситуацијата во теснецот.

Според организацијата, отсуството на руската страна на сослушувањето не може да биде причина таа да не го земе предвид случајот.

Конфликтот во Керченскиот теснец, кога беа запленети бродовите, беше кулминација на судирот по повод руската анексија на Крим во 2014 година.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе