Новата руска нуклеарна подморница ќе ѝ се приклучи на морнарицата во 2020 (ВИДЕО)

Напредната нуклеарна подморница Јасен-М е лансирана во Русија и се очекува да ѝ се придружи на морнарицата следната година. Таа е способна да ги носи сите постојни руски крстосувачки ракети - и веројатно повеќе, јави РТ.

Церемонијата се одржа во средата во бродоградилиштето Севмаш во северозападниот руски град Северодвинск. Само неколку дена откако бродоградилиштето ја одбележа својата 80-годишнина - и настан како што е овој е најдобриот начин за одбележување на оваа пригода, рече заменик-генералниот директор на Севмаш Сергеј Воронко.

Снимките од свеченото лансирање се објавени за пошироката јавност, без многу детали, со оглед дека новиот брод е строго чувана тајна. Видеото само детално ја прикажува задната страна на подморницата и пропелерот, оставајќи простор за шпекулации.

Новиот брод наречен Новосибирск, кој се очекува да се приклучи во редовите на руската морнарица следната година, е прва масовно произведена подморница од ваков вид. Првата подморница Јасен-М, Казан, сè уште поминува низ поморски испитувања и се очекува да ѝ се приклучи на морнарицата во 2020 година. Четири други подморници од тој тип се во фаза на производство, а најмалку уште две се очекува да бидат произведени подоцна - веројатно следната година.

Иако малку се знае за новата подморница, се вели дека е значително понапредна од нејзината претходничка - оригиналната подморница од класата Јасен. Новите пловила се способни да користат секаков вид руска поморска крстаречка ракета- особено повеќенаменската Калибр и Оникс - како и да носат масивни 533 мм торпеда.

Подморниците, исто така, најверојатно ќе ја носат новата хиперсонична крстаречка ракета Циркон, бидејќи може да се лансира од истите цевки што се користат за Калибр и Оникс - иако сè уште нема официјална потврда.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе