Русија лансираше балистички ракети од нуклеарни подморници

Руските нуклеарни подморници испукале балистички проектили на полигонот Кура на Камчатка и на полигонот Чиза во регионот на Архангелск, во рамки на борбена обука, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во соопштението на руското Министерство за одбрана се наведува дека успешно биле лансирани балистичка ракета „Синева“ и ракета „Булава“ од подморниците Тула и Јуриј Долгоруков во согласност со планот за борбена обука.

Исто така, се вели дека ракетите биле истрелани во Арктичкиот океан и Баренцово Море, пренесе Тасс.

„Со лансирањето на големи макети на ракети со боени глави успешно е завршен циклусот на воздушна програма и се потврдени техничките карактеристики на балистичките ракети, како и перформансите на сите ракетни системи на подморниците“, се вели во соопштението.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе