Русија: „Купете учебници по историја наместо зимски униформи“

Руската мисија при НАТО му препорача на Северноатлантскиот сојуз да купи учебници по историја наместо зимски униформи.

Руските дипломати го критикуваа НАТО откако „чисто одбранбениот" сојуз објави нарачка за 78.000 маскирни одела, погодни за воени операции во Арктикот.

Агенцијата за поддршка и набавки на НАТО е подготвена да купи „снежни маскирни одела за зимски операции“, која вклучува 78.000 комплети на панталони и јакни, заедно со ист број на прекривки за ранци. Униформата, како што е наведено во барањето за понуда, треба да издржи температури до -40 степени Целзиусови, додека ги заштитува војниците од „силни ветрови и снежни наноси“.

„Ова е очигледно потребно за да се докаже чисто одбранбеното воено планирање на НАТО. Можеби е подобро да купат книги по историја, на пример за Сталинград?“, се вели на официјалниот профил на руското претставништво на Твитер.

Претходно е објавено дека Нато ќе купи 78.000 комплети зимски маскирни униформи, како и униформи за операции на -40 степени Целзиусови во вредност од 70 милиони евра.

Адмиралот Николај Јевменов, командант на Северната флота на Русија, смета дека военото присуство на НАТО на Арктикот ќе расте, а со тоа ќе се зголеми и ризикот од конфликт во регионот.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе