Русија конечно се огласи за нападот на Одеса. Захарова: Погодивме воен брод

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова во неделата изјави дека руските сили со проектили со висока прецизност погодиле украински воен брод во пристаништето Одеса во Украина.

Фото: ЕПА

„Проектилите Калибр уништија воена инфраструктура на пристаништето во Одеса, во напад со висока прецизност“, објави Захарова на Телеграм, тврдејќи дека е потопен „патролен брод“, пренесе Москва тајмс.

Коментарот на Захарова следеше откако украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за напад на Одеса само еден ден откако беше постигнат договор за испорака на жито со Обединетите нации, Турција и Украина.

Украинската војска соопшти дека руски проектили го погодиле јужното пристаниште во саботата, што претставува закана за договорот за деблокирање на извозот на жито од црноморксите пристаништа и олеснување на глобалниот недостиг на храна предизвикан од војната.

Украина би можела да испорача 60 милиони тони жито за осум до девет месеци доколку нејзините пристаништа не се блокирани, но рускиот напад на Одеса покажа дека тоа сигурно нема да биде така лесно, изјави во саботата економскиот советник на украинскиот претседател.

Украина би можела да заработи 10 милијарди долари со извоз на 20 милиони тони жито во силосите, покрај 40 милиони тони од новата реколта, изјави на телевизија економскиот советник Олех Устенко.

На Украина ќе ѝ требаат 20 месеци до две години да ги извезе тие количини доколку нејзините пристаништа не функционираат правилно, истакна тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе