КАКО ОДГОВОР НА НОВИТЕ САНКЦИИ

Русија ќе го ограничи увозот на автомобили и облека од Запад, заздравувањето на Европа во ризик

Увозот на автомобили и облека од Западот во Русија може да биде ограничен, како дел од вториот круг „одмазднички“ мерки што Москва ги подготви како одговор на санкциите против неа, вели Андреј Белоусов, помошник на претседателот. 

На Западот има многу продавачи на неземјоделски производи што се многу зависни од рускиот пазар, изјави Белоусов.

„Тоа важи за увозот на автомобили, на пример, пред сè на оние на старо, тоа важи и за одредени видови стока за широка потрошувачка, кои ние сме во можност сами да ги произведуваме. Не сите од нив, но некои видови облека“, рекол Белоусов на економскиот форум Самара во четвртокот.

Министерството за економски развој веќе подготвило список на стоки чиј увоз би можело да биде ограничен, рекол тој и додал дека одмаздничките санкции мора да бидат такви што да не им наштетат, туку да им помогнат на руските производители и потрошувачи.

Во петокот ЕУ воведе нов пакет санкции против Русија, чија цел се широк спектар производители на оружје, енергетски компании и банки, меѓу кои и производителот на светски познатиот калашников и нафтениот гигант Роснефт.

Од сите овие на-ти-го-дај-ми-го санкции штета ќе претрпат и руската и европската економија, велат експертите.

„Европа почнува да покажува знаци на излегување од рецесијата“, изјавил уредникот на „Политикс фрст“. „Овие санкции, ако Русија возврати на нив, на што таа го има секое право, тоа е мило за драго, би можеле да имаат негативен ефект врз заздравувањето на Европа.“

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе