Русија ќе ги следи заразените со коронавирус преку мобилeн телефон

Рускиот премиер Михаил Мишустин им даде денес рок од пет дена на властите да развијат систем за следење на луѓето преку мобилните телефони за да имаат информации за контактите на лицата заразени со коронавирус, пренесе Ројтерс.

Според новиот систем, луѓето ќе добијат информација доколку биле во контакт со заразено лице и истата информација ќе бидат проследена до специјалниот регионален стожер за борба против ковид-19.

Кремљ објави дека мерките се легални и дел од стратегијата на Русија за спречување на ширењето на коронавирусот.

„Ќе се следат граѓаните кои се во контакт со пациенти заразени со новиот коронавирус врз основа на информациите од мобилните оператори за геолокацијата на мобилниот телефон на одредено лице, што ќе овозможи граѓаните да бидат информирани (преку мобилен) доколку биле во контакт со заразено лице со испраќање на релевантна порака за да се информираат дали има потреба да се самоизолираат“, се вели во соопштението на Министерството за комуникации.

Русија привремено забрани влез во земјата за странци, а според потврдените информации заразени се 438 лица, а едно лице починало. Според овие податоци, Русија е многу помалку погодена од коронавирусот отколку многу европски земји.

Денес, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин им рече на жителите на руската престолнина постари од 65 години да останат во своите домови.

Русија постепено ги заострува прописите за карантин и го подготвува својот здравствен систем за раст на бројот на заболени. Постарите треба да одат во аптека и продавница само во случај на апсолутна неопходност, и мерката останува на сила до 14 април, рече Собјанин.

На постарите лица им се советува да одат во викендици надвор од градот.

Москва, која има 262 потврдени случаи на зараза од вкупно 438 во цела Русија, дава по 4.000 рубли (49 долари) на секое лице над 65 години, како и на хронично болните.

Ги повика операторите да не го исклучуваат пристапот до мобилен или интернет за постарите лица кои немаат пари на својата сметка и привремено да ги суспендираат казните за неплаќање.

Москва го смени и системот за тестирање на коронавирус. Примероците повеќе не се испраќаат во лабораторија во Сибир за второ тестирање ако првиот тест е позитивен.

„Дијагнозата ‘заразен со коронавирус’ ќе биде внесена во системот по првиот позитивен тест. Повторен тест, доколку е потребно, ќе се изврши во Москва“, се вели во извештајот.

Русија исто така подготвува чекори за созадавање залихи на храна и медицински материјали во случај на епидемија од големи размери.

Министерствата исто така прават планови за спречување да се отпуштаат работниците.

„Генерално, мислам дека состојбата со коронавирус е под контрола, но потребни се посилни подготовки“, рече Мишустин.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе