Русија ќе ги покани талибанците на меѓународни преговори

Русија ќе ги покани талибанците да учествуваат во меѓународните преговори за Авганистан што ќе се одржат во Москва на 20 октомври, изјави во четвртокот претставник на Кремљ во земјата, пренесуваат руските новински агенции.

Фото: ЕПА

На прашањето дали талибанците, кои ја преземаа власта во Авганистан во август по повлекувањето на американските сили, им беше испратена покана за преговори, рускиот пратеник Замир Кабулов одговори потврдно.

Но, тој не кажа кој од редовите на талибанците ќе биде поканет на преговорите.

Кина, Иран, Пакистан и Индија, кои заедно со Русија го формираат таканаречениот Московски формат за Авганистан, исто така се поканети на овие меѓународни преговори, чија агенда и ниво на претставници сè уште не се познати.

Меѓународната конференција ќе се одржи по вонредниот самит на Г20 на 12 октомври за да се разгледа критичната хуманитарна ситуација во Авганистан.

Кабулов во четвртокот рече дека Русија конкретно работи на испраќање хуманитарна помош во Авганистан, додавајќи дека се собира „материјал“ што ќе се испрати.

Талибанците го зазедоа авганистанскиот главен град Кабул, во август, по молневитата офанзива во која падна владата поддржана од Запад.

Така талибанците по дваесет години откако САД ги соборија, спектакуларно се вратија, носејќи голем број предизвици - особено безбедносни - за соседните земји и пошироко.

Русија внимателно ја следи ситуацијата во Авганистан, кој беше окупиран од советските сили десет години, се додека не се повлекоа по крвавата војна во 1989 година.

Москва ги смета талибанците за терористичко движење, но со години е во дијалог со нив.

Кремљ беше помирлив по нивното доаѓање на власт, верувајќи им на нивните ветувања дека нема да дозволат „терористички“ организации таму да се развиваат, дека нема да ги напаѓаат соседните земји, особено руските сојузници од Централна Азија, и дека ќе престанат да шверцуваат хероин и опиум.

Меѓутоа, Русија летово одржа заедничка воена вежба со сојузничките сили од Централна Азија, загрижени за дестабилизацијата на нивните граници.

Кабулов, исто така, рече дека Русија „не брза“ да разговара за прашањето за укинување на санкциите на ОН против талибанците.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе