Маските за лице поскапеа за 3.500%

Русија ќе ги депортира странците заразени со коронавирусот

Русија ќе ги изолира и ќе ги депортира сите странци погодени од новиот кинески коронавирус. Овој чекор денеска го најави премиерот Михаил Мишустин.

Земјата во петокот ги објави своите први два случаи, предизвикувајќи стравувања дека епидемијата што ја погоди соседна Кина може да предизвика сличен здравствен аларм и во Русија. Сепак, Мишустин вели дека ситуацијата е моментално под контрола и дека нема потреба од тревога.

„За да се спречи ширењето на инфекцијата кај нас, преземени се сите потребни мерки, оперативниот штаб работи и ситуацијата е под контрола“, им рече тој на своите заменици на состанокот во Москва. Заканата предизвика и одложување на Рускиот инвестициски форум, годишен настан што се одржува во јужниот град Сочи, кој привлекува илјадници посетители од целата земја.

Мишустин објасни дека е спроведен национален план за спречување на кружењето на вирусот и дека тој е додаден на списокот на многу опасни болести. Вуханскиот коронавирус е 16-ти додаток на табелата, во која се и ХИВ, маларијата, колерата и чумата. Според премиерот, мерката „ќе овозможи депортација на странски државјани доколку имаат таква болест и воведување посебни рестриктивни мерки, вклучително и изолација и карантин“. Движењето на кинеските посетители преку руската граница веќе е ограничено.

Премиерот јасно стави до знаење дека Русија е целосно опремена со потребните лекови за борба против коронавирусот, потенцирајќи: „Важно е... цените во аптеките да останат на исто ниво. Наложено е Федералната антимонополска служба и Роздравнадзор да го следат ова“.

Во некои области на земјата веќе има поскапување на маските, а локалните медиуми во Курск објавија и за покачување на цената од 3.500%.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе