Русија, Кина и Иран одржаа воена вежба во Индискиот Океан

Иран, Кина и Русија одржаа трета заедничка поморска воена вежба во северниот дел на Индискиот Океан, објави иранската државна телевизија.

Фото: ЕПА

Морнариците на иранските вооружени сили и Иранската револуционерна гарда учествуваа во вежбата „Поморски безбедносен појас 2022“ на површина од 17.000 квадратни километри, изјави портпаролот на вежбата, контраадмирал Мостафа Тајолдини за државната телевизија. Поморските вежби вклучуваат обука за спасување на запален брод, ослободување на киднапиран брод и пукање во воздушни цели ноќе.

Тајолдини рече дека вежбите започнале рано во петокот. Трите земји започнаа заеднички поморски вежби во 2019 година во Индискиот Океан и Оманскиот Залив, потсети Тајолдини.

„Целта на оваа вежба е зајакнување на безбедноста и нејзините темели во регионот, како и проширување на мултилатералната соработка меѓу трите земји со цел заеднички да се поддржи светскиот мир, поморската безбедност и да се создаде поморска заедница со заедничка иднина“, рече Тајолдини.

Откако дојде на власт во март минатата година, иранскиот тврдокорен претседател Ебрахим Раиси води политика на продлабочување на односите со Кина и Русија. Техеран во септември ѝ се приклучи на Шангајската организација за соработка, чии најистакнати членки се Кина и Русија.

Министерот за надворешни работи Хусеин Амирабдулахиан ја посети Кина минатата недела, додека иранскиот претседател се состана со својот руски колега во Москва во средата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе