Во извоз на нафта во Кина

Русија ја претрка Саудиска Арабија

Увозот на нафта од Русија во Кина во април пораснал за 17,7 отсто на годишно ниво, додека од Саудиска Арабија опаднал за 18 отсто, јавува Ројтерс.

EPA-EFE

„Русија во април ја претрка Саудиска Арабија како главен кинески доставувач на сирова нафта, увозот порасна 18 отсто во споредба со истиот месец минатата година“, се наведува во извештајот на британската агенција, која се повикува на податоците на Главната царинска управа на Кина.

Според тие податоци, увозот на нафта во Кина во април е намален за 7,5 отсто на годишно ниво – на 9,84 милиони барели дневно.

Обемот на испораките од Саудиска Арабија во април паднал за 18 отсто и изнесува 5,16 милиони тони, или 1,26 милиони барели на ден. Русија во овој месец испорачала 7,2 милиони тони (1,75 барели на ден), што е 17,7 отсто повеќе во однос на претходната година.

Ројтерс истакнува дека увозот во првите четири месеци пораснал за 1,7 отсто во споредба со истиот период минатата година, бидејќи кинеските рафинерии ги користат погодности на цените на нафтата кои се во опаѓање.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе