Русија ја предупреди Украина да не го решава со сила конфликтот на истокот на земјата

Русија денес ја предупреди владата во Киев да не се обидува да го реи конфликтот на истокот на Украина со употреба на сила, во време на високи тензии поттикнати нервозата на западните земји од трупањето руска војска во близина на украинската граница.

EPA-EFE

Украинската влада и западните земји тврдат дека трупањето руски војници и воена опрема можеби значи дека Москва планира инвазија на соседната земја, што руските власти повеќе пати го негираа.

Началникот на Генералштабот на руската војска Валериј Герасимов ги отфрли како невистинити медиумските извештаи за наводни руски подготовки за напад на Украина.

Тој за ескалацијата на тензиите на истокот на Украина го обвини Киев, односно разместувањето на украинско вооружување кај Донбас.

Герасимов го предупреди Киев да не користи сила во таа област.

„Ќе бидат сузбиени сите провокации на украинските власти со цел насилно решение на проблемот со Донбас’, кажа Герасимов на состанокот со странските воени аташеа.

Русија го припои црноморскиот полуостров Крим во 2014 година, откако тогашниот претседател на Украина Виктор Јанукович, наклонет кон Москва, беше урнат од власта со насилни протести.

Неколку недели подоцна Русија го поддржа бунтот на проруските сили на истокот на Украина кој сè уште трае.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе