Русија ја предупреди ЕУ: Ако го суспендирате договорот за визите, ќе има последици

Русија ја предупреди Европската Унија на последици од целосно суспендирање на договорот за визни олеснувања меѓу ЕУ и Руската Федерација, јавуваат руските агенции.

EPA-EFE

„Кршење, заобиколување или повлекување на ЕУ од договорот за визни олеснувања нема да остане без последици. Самите ќе одлучиме дали мерките ќе бидат симетрични, асиметрични или нешто што ЕУ воопшто не го очекува“, кажа заменикот на рускиот министер за надворешни работи Александар Грушко.

„Ако Брисел повторно одлучи да си пука во нога, тогаш тоа е негов избор“, додаде.

По дводневната неформална средба во Прага министрите за надворешни работи на ЕУ постигнаа политички консензус за целосна суспензија на визните олеснувања меѓу Европската Унија и Русија.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жосеп Борел кажа дека одлуката „значително ќе го намали бројот на нови визи кои ги издаваат земјите членки на Унијата“ бидејќи процесот ќе стане потежок и подолго ќе трае. Овој потег би ги поскапел визите за ЕУ за руските патници и би го укинал рокот за издавање визи.

Полска, Естонија, Летонија и Литванија претходно кажаа дека разгледуваат забрана за влез за руските патници дури и ако Европската Унија како целина тоа не го направи.

Во заедничко соопштение четирите земји кои граничат со Русија кажаа дека суспензијата на договорот за визни олеснувања од 2007 меѓу ЕУ и Русија е само „нужен прв чекор“.

Естонија денес соопшти дека во рок од неколку недели планира на повеќето патници од Русија да им го забрани влезот во земјата.

„Ако е можно, ќе дејствуваме во договор со регионалните партнери. Потребно е време, но мислам дека е крајно време ако го погледнеме огромниот број руски граѓани кои доаѓаат“, кажа естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалу за Ројтерс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе