Русија ја повлекува својата војска од украинската граница

Русија најави дека утре ќе започне со повлекување на своите трупи од границата со Украина и Крим, откако ќе завршат воените вежби, соопшти Министерството за одбрана.

EPA-EFE/VADIM SAVITSKY

„Силите покажаа способност да обезбедат сигурна одбрана на земјата. Затоа решив да завршам со инспекциските активности на јужниот и западниот воен округ“, на границата со Украина, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Со оглед на тоа што целите на овие вежби се „целосно постигнати“, Шојгу нареди „повлекување на силите“ од утре, додека армијата од Крим ќе се повлече во своите бази до 1 мај.

Според Министерството за одбрана, во маневрите учествувале 10.000 војници, воздухопловните сили, околу 40 воени бродови, ПВО и воздушно- десантни сили.

Киев, кој се бори против проруските сепаратисти на исток, стравува од инвазија со цел „уништување“.

Москва, сепак, уверува дека „никому не се заканува“, а истовремено ги осудува „провокациите“ на Киев и „заканувачките“ активности на НАТО.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/VADIM SAVITSKY

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе