Русија ја повлече потерницата по белоруската опозициска политичарка Тихановскаја

Русија, на барање на Белорусија, ја отстрани белоруската опозициска лидерка Светлана Тихановскаја од списокот на барани лица, објави новинската агенција РИА.

Тихановскаја минатата година избега во егзил поради закани, откако белорускиот претседател Александар Лукашенко почна репресија против сите што го обвинуваа за местење на претседателските избори во 2020 година.

Тогаш Тихановскаја се натпреваруваше против Лукашенко, кој се прогласи за победник на изборите, што опозицијата го отфрли. Опозициската политичарка минатата недела повика на формирање меѓународен суд кој ќе му суди на режимот во Минск.

Пред две недели, белорускиот претседател принуди комерцијален лет на Рајанер меѓу двата главни града на ЕУ, Атина и Вилнус, насилно да слета во Минск. Белорускиот новинар и критичар на Лукашенко, Роман Проташевич и неговата девојка Софија Сапега, кои биле во авионот, се уапсени и сè уште се во притвор.

Додека ЕУ на тоа реагираше со воведување санкции кон Белорусија, рускиот претседател Владимир Путин го прими Лукашенко на разговори и рече дека Москва ќе ја поддржи Белорусија со заем од 500 милиони долари. Путин, исто така, ја истакна својата континуирана поддршка на Лукашенко во спорот со Западот.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе