Русија ја ослободи американската кошаркарка, Американците за возврат го пуштија „Трговецот со смрт“

Американската кошаркарка Бритни Грајнер е ослободена од руски затвор во размена на затвореници. Американците за возврат го ослободија осудениот трговец со оружје Виктор Бут, јавуваат американските медиуми. Грајнер сега се наоѓа под американска ингеренција, соопштија американски власти, додавајќи дека кошаркарката е добро расположена.

EPA-EFE

Бут, кој е познат како „Трговецот со смрт“, е поранешен советски воен офицер осуден на 25 години затвор во САД за учество во заговор за убивање Американци, набавка и извоз на противвоздушно оружје и пружање материјална поддршка на терористичка организација. Москва пресудата на Бут во 2012 ја нарече „неоснована и пристрасна“, а Бут цело време тврди дека е невин.

Во ноември Грајнер почна да служи деветгодишна казна за поседување масло од канабис. Затворена беше 350 километри од Москва. Спортистката беше уапсена во февруари кога цариници во нејзиниот багаж на московскиот аеродром Шереметјево најдоа шишенца со масло од канабис.

На судењето Грајнер призна дека имала масло од канабис во својот багаж, но кажа дека го спакувала ненамерно во брзањето да го стигне летот и дека немала криминална намера. Нејзината одбрана тврдеше дека канабисот ѝ е препишан за лекување хронична болка.

За пуштањето на американската кошаркарка на Твитер се огласи американскиот претседател Џо Бајден: „Пред малку разговарав со Бритни Грајнер. На безбедно е. Во авион е. Патува дома“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе