Русија ја обвинува Германија, тврди дека ја опструира истрагата во случајот Навални

Руското Министерство за надворешни работи ја обвини Германија дека ја опструира истрагата во случајот на труење на рускиот дисидент Алексеј Навални.

Фото: Инстаграм

Германската влада ја крши Европската конвенција од 1959 за заемна судска помош во казнените прашања од 1959 година, соопшти Министерството во петокот вечер.

Германија ги опструира напорите да се разјасни вистината за тоа што му се случи на Навални, соопшти министерството, повикувајќи се на наводните неодговорени барања на руските власти за заемна правна помош.

Германските лекари исто така ја одбија понудата на руските колеги заедно да работат на случајот, се додава.

Министерството исто така ги доведе во прашање и постапките на техничкиот секретаријат на Организацијата за забрана на хемиско оружје, наведувајќи дека тој бил вмешан во „политички интриги“.

Се пожали на „антируска хистерија на Запад“ која доведе до заклучок дека Навални бил отруен од невротоксин од групата на новичок.

Соопштението е објавено два дена откако Навални беше отпуштен од берлинската болница Шарите, каде помина 32 дена на лекување поради тешко труење.

Лабораториите во Германија, Франција и Шведска потврдија дека тој бил отруен од новичок.

Членките на ЕУ ја повикаа Русија да го расветли настанот што го сметаат за обид за атентат.

Опозицискиот активист, еден од најистакнатите критичари на Владимир Путин, се разболе на лет од Сибир за Москва на 20 август. Два дена подоцна, на барање на неговото семејство тој беше префрлен од сибирската болница на лекување во Германија .

Легенда под Главна слика

Фото: Инстаграм

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе