Поддржувајќи ги терористите

Русија ја обвини Турција дека го крши договорот за Сирија (ВИДЕО)

Руското министерство за одбрана ја обвини денес Анкара дека го крши договорот за Сирија со поддржувањето на милитантите во провинцијата Идлиб.

„Турција го крши договорот постигнат во Сочи и продолжува со артилериски оган да ги поддржува нелегалните оружени групи во Идлиб“, се наведува во соопштението и се додава дека Турција користи и беспилотни летала.

Сириските сили со поддршка од Русија од средината на декември водат офанзива против бунтовниците и џихадистичките групи во Идлиб што предизвикува тензии со Турција која во пограничната област има свои војници.

Турската војска ги гаѓа руските авиони

Турските единици ги гаѓаат позициите на сириските владини сили и руските авиони во Идлиб, се наведува во репортажа на телевизијата Расија 24.

„Сириската војска, во буквална смисла, ја спасува авијацијата – сириската и руската. Авионите на военото воздухопловство на Сирија и воздушно-вселенските сили на Русија од ден во ден ги сопираат милитантите“, наведува дописникот од Блискиот Исток Јевгениј Подубни.

Според него, турските сили и милитантите активно користат противвоздушни системи, додека руските и сириските авиони користат топлински мамки за заштита од огнот.

„Руските и сириските авиони испуштаа лажни топлински мети, откако ќе ги бомбардираат позициите на радикалните сили, поранешната гранка на Ал каеда“, се наведува.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе