Како одговор на прогонот од Прага

Русија избрка 20 чешки дипломати

Дваесет чешки дипломати се прогласени за персона нон грата и сега мора да ја напуштат Русија до крајот на утрешниот ден, соопшти руското Министерство за надворешни работи денеска, еден ден откако чешките власти протераа 18 дипломати во Москва.

Фото: ЕПА

Освен тоа, денеска чешкиот амбасадор во Москва, Витеслав Пивонка, беше повикан во Министерството за надворешни работи, кое изразило „силен протест“ за постапките на Прага овој викенд.

Амбасадорот исто така бил информиран дека 20 члена на чешката амбасада во Москва ќе мора да ја напуштат Русија до крајот на понеделник, 19 април. Медиумите во саботата објавија дека дипломатски извори рекле дека пропорционалната одмазда од Москва ефективно би ја затворила по амбасадата, но засега не се знае колку сериозно е погодена работата на дипломатската мисија.

Наведувајќи обвинувања за вмешаност на руски разузнавачи во експлозијата во 2014 година во воено складиште во Чешка, за која првично се сметаше дека е несреќен случај, чешката влада им нареди на 18 руски дипломати да заминат од земјата. Одлуката беше објавена во саботата од премиерот Андреј Бабиш и министерот за надворешни работи Јан Хамачек.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе