Русија испрати два ловци за да истераат американски бомбардери над Црно Море

Русија испрати два ловци „Сухој Су-30“ да истераат два американски стратегиски бомбардери Б-1Б над Црно Море, објави Министерството за одбрана во Москва.

Фото: ЕПА

Стратегиските бомбардери беа придружени со два авиони КЦ-135 за полнење гориво во воздух, пренесува Ројтерс.

Откако странските борбени авиони се оддалечија од државната граница на Русија, ловците се вратија во базата, се вели во соопштението.

Беше наведено дека руските авиони дејствувале во согласност со меѓународните правила и дека државната граница на Русија не била нарушена.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во вторникот во Киев рече дека Русија е пречка за воспоставувањето мир во источна Украина и побара од Москва да престане со дестабилизирачките активности во Црно Море и долж границата со Украина.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе