Русија испраќа воени бродови кај Сирија, обвинувајќи ја Анкара за смртта на турските војници

Русија објави денес дека покрај сирискиот брег испраќа два воени бродови вооружени со крстаречки ракети и ја обвини Анкара за смртта на 33 турски војници во сирискиот регион Идлиб, јави Ројтерс.

Фрегатите Адмирал Григорович и Адмирал Макаров тргнаа од Севастопол, на Кримскиот Полуостров и почнале да го преминуваат Босфор, соопшти портпаролот на руската флота во Црно море за Интерфакс и Риа новости.

Двата воени бродови вооружени со ракетите „калибр“ е планирано да се приклучат на постојаната флота на руската морнарица во Средоземното Море, изјави портпаролот Алексеј Рулев.

Тој не рече во која зона ќе бидат распоредени фрегатите, но бродовите што се движат по тој пат обично ги поддржуваат руските воени операции во Сирија.

Мисијата следи неколку часа по смртта на 33 турски војници во северозападната сириска провинција Идлиб, во воздушните напади на сириските владини сили.

Русија, која е сојузник на сириските власти, ги обвини турските војници дека биле „меѓу борбените единици на терористичките групи“, изјавувајќи дека „не требало да бидат таму“.

Вчерашната смрт на 33 турски војници и повредата на уште 32 војници, објавено од гувернерот на турската погранична провинција Хатај, го зголеми бројот на загинати турски војници во регионот овој месец на 54.

Турција во Сирија испрати илјадници војници и тешко вооружување, а претседателот Таип Ердоган предупреди дека ќе нареди офанзива од големи размери на сириските сили, доколку не се повлечат од турските посматрачници во регионот.

Иако Москва и Анкара се обидуваат да ги координираат своите операции во Сирија, Русија во конфликтот го подржува сирискиот претседател Башар ал Асад, а Турција бунтовничките сили кои му се спротивставуваат на Дамаск.

Инцидентот дополнително ги ослабна руско-турските договори постигнати последниве години со цел воспоставување мир во Сирија.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе