Русија испраќа 11 воени авиони со медицинска опрема за Србија

Русија ќе испрати 11 воени авиони со медицинска опрема во Србија за да ѝ помогне во спречувањето на ширењето на коронавирусот, соопшти денес руското Министерство за одбрана.

Русија, во која досега се регистрирани повеќе од 3.500 случаи на зараза, досега веќе испрати пратки со помош во Италија и САД, пренесува Ројтерс.

Медиумите во Србија вчера известуваа за разговор меѓу двајцата претседатели, Александар Вучиќ и Владимир Путин, за време на кој рускиот лидер им ветил значајна помош на српските граѓани во борбата против коронавирусот.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе