Откако десетици жители се заразиле со коронавирусот

Русија ископа ров околу сибирско село за да го стави во ковид-карантин

Руските власти ископаа ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со коронавирусот, за кој локалните власти веруваат дека се раширил преку традиционален шамански ритуал.

Селото Шулута, кое се наоѓа на околу 30 километри југоисточно од Бајкалско Езеро во сибирската провинција Бурјатија, има 37 потврдени случаи на вирусот од вкупно 390 жители.

За деведесет и пет лица се верува дека биле во контакт со заразените и тие исто така морало да бидат ставени во карантин, изјави директорот на локалната управа, Иван Алхеев.

Алхеев рече дека заразата почнала да се шири откако десетици селани на 10 јуни учествувале на шамански ритуал, кој го извршила заразена жена.

Рововите со кои е опкружена Шулута биле ископани на 29 јуни како мерка за да се спречат туристите да возат низ селото кон блискиот Национален парк Тунка, како и за да се ограничи движењето на локалните жители, од кои некои биле скептични кон наредбата да се изолираат.

„Не верувам во тоа! Треба барем да има симптоми, а јас немам“, изјави локалната жителка Енгелсина Шабоева, која била тестирана позитивно за коронавирусот, за регионална телевизиска екипа што снимала во селото заедно со група доброволци што отишле да донесат храна.

Друга жителка, Светлана Шагланова, чиј сопруг починал по мозочен удар и бил тестиран позитивно на вирусот, рече дека не се согласува со дијагнозата.

„Во документите ставија дека тој починал од вирусот, но тоа не е вистина, тоа беше само мозочен удар“, рече Шагланова.

Руската агенција за безбедност на потрошувачите, Роспотребнадзор, рече дека оние што вршеле шамански ритуал и покрај забраната за јавни настани во регионот, може да се соочат со парична казна.

На единствениот пат до селото што не е отсечен со ров сега патролираат локалните власти и руските национални гардисти, кои пуштаат само амбулантни возила и испорака на храна.

Официјалниот број на заразени со коронавирус во Русија, четврти најголем во светот, денеска се искачи на 687.862.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе