Русија на војниците им забрани да користат смартфони

Руските законодавци усвоија нов закон со кој на војниците им се забранува да користат електронски уреди кои можат да снимаат слики, видеа и да бележат податоци за геолокација - во суштина, сите современи геџети.

Законот одобрен денес од страна на Државната Дума на активните службени лица и на резервистите за време на тренинг им забранува на интернет или со медиумите да споделуваат информации кои можат да ја откријат нивната локација, во која единица служат, или информации за нивните колеги и така натаму. Освен тоа, нив им е забрането и кај себе да имаат уреди кои можат да снимаат слики, видеа и да бележат податоци за геолокацијата преку интернет.

Подржувачите на законот неговата потреба ја гледаат во очигледниот интерес на странските разузнавачки служби и терористички групи за воените припадници. Затоа, размената на лични податоци за време на должност може да биде опасно и за војниците и за целата нација.

Русија се обидува да ја подобри тајноста на својата војска, усвојувајќи низа мерки за ограничување на протокот на потенцијално чувствителни податоци од војниците. Во ноември минатата година, војската воведе специјални курсеви за војници и офицери за тоа како да се однесуваат на интернет со цел да ги заштитат државните тајни. Обуката вклучувала што треба - и што не треба - да им се каже на странци, како безбедно да се користат социјалните медиуми и слично.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе