Санкциите вклучуваат забрана за влез за претставници на германскиот владин апарат.
Ова денес ѝ било најавено на вршителката на должноста на германската амбасада во Москва Беате Грцески за време на разговорот во руското министерство за надворешни работи, соопшти официјален Берлин.
Москва на овој начин реагира на санкциите кои ЕУ ѝ ги воведе поради наводното труење на рускиот опозиционер Алексеј Навални.
Дипломатите претходно не биле информирани за причините. Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова зборувала на закажаниот состанок, јавува германски Билд.
ЕУ воведе санкции против заменик шефот на претседателската администрација Сергеј Кириенко, шефот на домашната разузнавачка служба Александар Бортников и двајцата заменици министри за одбрана против труењето на Навални. Русија потоа најави повратни мерки против високи функционери во државните апарати на Германија и Франција.
Руското министерство за надворешни работи смета дека санкциите на ЕУ се неприфатливи и незаконски. Земјите кои ги презедоа овие чекори не ѝ пружија на Русија ниту на своите партнери од ЕУ докази за тврдењата дека руската влада е вмешана во наводниот обид за убиство на Навални, на кој му се слоши во август на лет над Сибир.
Казнените мерки на ЕУ вклучуваат забрана за влез и замрзнување на имотот.