Русија им воведе контрасанкции на Франција и Германија за случајот Навални

Русија воведе санкции против голем број германски и француски функционери, како одговор на санкциите на Европската Унија поради труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесе агенцијата АП.

Фото: ЕПА

„Бидејќи (европските) санкции се насочени кон службеници на администрацијата на рускиот претседател, нашите контрасанкции ќе го рефлектираат тоа. Тие веќе се донесени и наскоро ќе ги информираме нашите француски и германски колеги“, изјави рускиот министер пред новинарите.

Лавров прецизираше дека санкциите се насочени кон „водечките соработници на лидерите на Германија и на Франција“ затоа што, како што забележува Франс прес, Париз и Берлин биле иницијатори на воведувањето мерки против Русија.

Рускиот министер не ги наведе имињата на лицата што се наоѓаат на списокот на санкции.

Во октомври Европската Унија објави список од шест лица што беа санкционирани како одговор на труењето на Алексеј Навални со агенсот новичок, што го откри Германија, каде што летово рускиот опозиционер беше хоспитализиран во сериозна состојба. Москва негира одговорност за овој случај и уште во октомври најави одмазднички мерки против ЕУ.

„Имаме причина да претпоставуваме дека сè што се случи (на Навални) во врска со отровната материја во организмот, можеше да се случи во Германија или во (медицинскиот) авион што го евакуираше од Русија во Берлин“, рече Лавров, без да даде повеќе детали.

Русија вели дека во телото на Навални не бил пронајден отров кога бил примен во болницата во Сибир. Навални, кој сè уште е во Берлин, се надева на целосно закрепнување и планира да се врати во Русија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе