Ќе го смета за закана по животите на руските војници

Русија им се закани на САД: Ќе одговориме доколку го нападнете Дамаск

Русија соопшти дека ќе возврати доколку САД извршат ракетен напад врз сирискиот главен град Дамаск, пренесуваат агенциите.

Началникот на Генералштабот на руската војска Валерија Герасимов кажа денес во Москва дека Русија има „сигурни информации“ дека САД планираа да „организираат“ напад со хемиско оружје врз Источна Гута и за тоа да ја обвинат сириската влада.

Герасимов додаде дека Русија смета дека во тој случај САД би можеле за возврат да го гаѓаат делот од Дамаск во кој се наоѓаат владините институции.

Тој истакна дека Москва евентуалниот ракетен напад врз Дамаск ќе го смета за закана по животите на руските војници кои таму се наоѓаат и дека соодветно ќе одговори.

Москва е клучниот сојузник на сирискиот претседател Башар Ал Асад и беше клучен фактор во пресвртот во сириската граѓанска војна во корист на Асад, откако во 2015 година почна со воздушни напади.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе