Русија им порача на САД „да го напуштат“ својот „агресивен“ курс

Политиката на Москва нема да биде диктирана од Вашингтон, рече рускиот заменик-министер за надворешни работи.

Фото: ЕПА

САД заземаат сè поагресивен став кон Москва, но никакви економски санкции ни политички притисок не можат да ја поколебаат да ги брани своите национални интереси, изјави високиот руски дипломат.

Дипломатијата на Москва во однос на САД е вежба за „менаџирање кризи“, рече денеска заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков во интервју за руската телевизија. Тој го опиша однесувањето на САД како „сè поконфронтирачко и позагрижувачко“.

„Можеме да видиме како (Американците) се обидуваат да ги мобилизираат своите сателити, своите вазали, да ѝ се спротивстават на Русија на поагресивен и потврд начин“, рече дипломатот. „Неодговорниот, екстремно агресивен, крајно наметлив курс на Вашингтон нѐ носи сите кон опасната линија. Предупредуваме да се напушти овој курс“.

Балансирањето на работ е очигледно не само кога станува збор за кризата во Украина, туку и за најважното прашање за неширење и намалување на нуклеарното оружје, рече Рјабков. Вашингтон прилично ја разори целата архитектура на стратегиска контрола на вооружувањето и е закана за последниот преостанат билатерален договор од тој вид со Русија, Новиот СТАРТ, посочи тој.

Суштината на проблемот, рече дипломатот, е дека на САД „не им требаат договори, кои биле потпишани врз основа на паритет, кои не служеле само за безбедносните интереси на групата (нации) предводена од САД, туку и ги зајакнале безбедноста на цели региони и на светот воопшто. Тие не се во согласност со хегемонистичкиот курс што САД го следат на меѓународната сцена“.

Заменик-министерот рече дека не очекува американската политика кон Русија да се промени наскоро, бидејќи „постои антируски консензус на елитите“ во САД. Но единственото остварливо решение е Вашингтон да признае дека Русија нема да биде малтретирана и да дејствува соодветно, додаде Рјабков.

„Постојано им кажуваме на нашите американски соговорници, да го употребам најнеутралниот термин, дека мора да се повлечат и да престанат да ја ескалираат ситуацијата“, рече тој.

Европските нации, кои застанаа на страната на антирускиот нагон на Вашингтон, страдаат поради тоа, истакна рускиот дипломат. Всушност, нивната потчинетост кон Вашингтон ги прави ранливи на американската експлоатација, рече Рјабков.

„(Американците) ја поткопуваат конкурентноста на Европа, ги пумпаат своите производи на европските пазари, без разлика дали се воена опрема или јаглеводороди, кои Европејците повеќе би сакале да ги добијат од алтернативни извори под други околности“, рече тој.

Но на Вашингтон му недостига глобална поддршка, без оглед што тврдат американските власти, рече Рјабков. Десетици нации што претставуваат половина од човештвото или ја поддржаа руската позиција за Украина или барем ја признаа основаноста на руските размислувања за тоа, рече тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе