Русија ѝ врати на Германија, одлучи да протера двајца германски дипломати

Русија одлучи да протера двајца германски дипломати кои работат во амбасадата во Русија, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Овој потег следи по една недела откако нешто слично стори и Германија, која двајца вработени во руската амбасада ги прогласи за непожелни, јави Дојче веле.

„Како одмазда, Русија одлучи двајца вработени од германската амбасада во Русија да ги прогласи персона нон-грата“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Берлин пред една недела протера двајца вработени од руската амбасада поради несоработка на Москва во истрагата за убиството на грузиски државјанин во Берлин, за кое германскиот државен обвинител ги сомничи руските или чеченските власти.

Русија негира каква било вмешаност во убиството на Грузиецот.

Односите на Русија со Германија и другите западноевропски земји веќе се затегнати поради труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка на британско тло минатата година.

„Со овој потег, германската влада реагира на фактот дека руските власти не соработуваа доволно во истрагата за убиството на Торник К. во парк во Берлин“, објави минатата недела германското Министерство за надворешни работи.

Мажот познат и како Зелимкан Кангошвили, во август е убиен со два куршуми во глава во парк во центарот на Берлин на пат кон џамија. Овој Грузинец порано се борел заедно со анти-московски настроените борци во руската автономна покраина Чеченија.

Обвинителството смета дека доволно докази укажуваат дека нарачател на убиството била руската држава или чеченските власти.

Руското Министерство за надворешни работи налутено одговори на обвинението.

„Изјавите на германската страна за протерување на двајца вработени од руската амбасада во Берлин ги сметаме за неосновани и тие не се пријателски. Ќе бидеме принудени да одговориме со реципрочна мерка“, објавија тогаш руските новински агенции.

Кремљ и претходно негираше каква било вмешаност во убиството на Грузиецот.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе