Русија ѝ вети евтин гас на Србија, „по најдобрата цена во Европа“

Русија ќе продолжи непречено да ја снабдува Србија со гас, и тоа по релативно ниска цена, договориле вчера во телефонски разговор шефовите на двете држави.

Фото: ЕПА
Во него Владимир Путин и Александар Вучиќ ги договориле условите за испорака на гас за следните три години.

Во соопштението на Кремљ се вели дека лидерите разговарале за ситуацијата во Украина и на Косово, се договориле да ја прошират заемно корисната трговска и економска соработка и „да го зајакнат стратегиското партнерство засновано на традиционално блиските врски меѓу народите на двете земји“.

Подоцна, во интервју за новинарите, Вучиќ прецизираше дека Русија ќе ѝ продава гас на Србија „по најдобрата цена во Европа“ - од 310 до 408 долари за 1.000 кубни метри. Ова е околу „три пати, а во зима 10 пати поевтино“ отколку што чини другите европски земји, објасни српскиот лидер.

Точните услови на договорот ќе бидат познати кога ќе завршат преговорите со Газпром.

Србија многу зависи од рускиот гас, а договорот меѓу двете земји истекува на 31 мај.

На крајот на 2021 година истиот договор го обновиле Унгарија и Молдавија. Додека Унгарија потпиша 15-годишен договор, Русија со Молдавија склопи петгодишен договор.

Разговарале и за Украина

Во своите соопштенија и Вучиќ и Путин напоменаа дека разговарале за ситуацијата во Украина. И покрај тоа што во официјалното соопштение на Кремљ не се споменува ништо повеќе на оваа тема, Вучиќ на новинарите по разговорот со Путин им рече дека на Путин му ја кажал позицијата на Србија дека Белград би сакал „што поскоро да се воспостави мир во Украина и дека рускиот претседател дал податоци од сопствениот агол“.
 
„Ми кажа дека има понуден договор, со кој се запознаени, кој е на маса во Москва, Киев и во другите центри на Западот“, рече Вучиќ.
 
Тој додаде дека слушнал некои елементи од договорот, но дека Србија е мала земја за решавање на тие проблеми и дека „се надева само дека ќе се воспостави мир“. Вучиќ не соопшти детали од договорот.
 
Во соопштението од Кремљ не се споменуваат овие детали.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе