„Ќе има последици“

Русија ѝ се заканува на Норвешка поради зголемениот број американски маринци

Русија денес соопшти дека ќе одговори на соодветен начин по објавувањето на планот на Норвешка за зголемување на бројот на американски маринци во својата земја.

Осло во вторникот најави дека од Соединетите Држави, својот сојузник во НАТО, ќе побара испраќање на 700 маринци кои од 2019 година ќе се обучуваат во Норвешка. Сега таму има 330 американски маринци. Најавено е и дека дополнителните воени сили би требало да се разместат што поблиску до руската граница.

„Поради ваквиот потег Норвешка станува помалку предвидлива. Тој чекор би можел да поттикне поголеми тензии и трка во вооружување и да ја дестабилизира состојбата во северна Европа“, се вели во соопштението на руската амбасада во Норвешка.

„Овој потег го гледаме како многу непријателски. Сигурно нема да мине без последици“, се вели во соопштението објавено на социјалните мрежи.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе