ИСТОРИСКИ МОМЕНТ

Русија и Саудиска Арабија потпишаа договори вредни милијарди долари за време на посетата на кралот

Рускиот претседател Владимир Путин се состана со кралот на Саудиска Арабија Салман бин Абдулазиз Ал Сауд. Ова е прва државна посета од владејачкиот Саудиски монарх на Русија и означува ново ниво на односите помеѓу двете земји.

Според Кремљ, „лидерите ќе разгледуваат заеднички чекори за понатамошен развој на билатералната соработка во трговските, економските, инвестиционите и културно-хуманитарните области“, објави РТ.

По состанокот, двете земји започнаа заеднички инвестициски фонд за енергија вреден една милијарда долари. Фондот може да вклучи инвестиции во проекти за природен гас и петрохемиски фабрики.

Саудиската државна нафтена компанија Саудиска Арамко потпиша договор со Рускиот директен инвестициски фонд (РДИФ) и компанијата за преработка на гас и петрохемикалии Сибур за заеднички проекти во областа на рафинирање на нафта.

Двете земји, исто така, се согласија да соработуваат во нуклеарната енергија, земјоделството, информатичката технологија; трговијата, инвестициите и социјалниот развој.

„Имаме огромен потенцијал за развојна соработка во нуклеарната енергија. Саудиска Арабија планира да започне голема програма за нуклеарната енергија“, рече рускиот министер за енергија и копретседател на руско-саудиската меѓувладина комисија Александар Новак.

„Нуклеарната енергија може да стане еден од основните извори и дополнителен катализатор за развој на различни индустрии и иновативни технологии во Саудиска Арабија“, додаде тој.

Односите меѓу двете земји неодамна достигнаа „фундаментално ново ниво“, рече Новак.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе