СПОРЕД РУСКАТА ВОЈСКА

Русија и САД се согласија за сите технички прашања околу летовите во Сирија

Министерството за одбрана на Русија изјави дека наскоро со Пентагон ќе потпише договор за безбедност на летовите над Сирија, откако двете страни се договориле за сите потребни технички прашања.

„Сите технички работи веќе се договорени, а руски и американски адвокати сега го проверуваат текстот на документот“, рече денеска генерал-полковникот Андреј Картаполов на брифинг за медиумите.

Според Картаполов, Москва и Вашингтон „во многу блиска иднина“ ќе го потпишат меморандумот за безбедност на летовите над Сирија.

Руското министерство за одбрана и Пентагон веќе одржаа три видеоконференции со дискусии за договорот, додаде тој.

„Со ова ќе се спречат одредени состојби што може да предизвикаат некаква несреќа во сирискиот воздушен простор за време на воздушните операции од страна на Русија и на коалиционите партнери“, рече Картаполов.

Тој го повтори ставот дека Москва е подготвена да ја прошири соработката за избегнување судир на небото над Сирија со САД и со сите други засегнати страни.

Картаполов, исто така, рече дека Министерството за одбрана воспоставило директен контакт со турската војска за да се избегнат инциденти со руските летови во близина на турската граница.

Воспоставена е и телефонска линија помеѓу руската воздухопловна база во Сирија и командниот центар на израелските воздухопловни сили, за да се координираат летовите над Сирија, истакна портпаролот.

Вчера и денеска Русите и Израелците одржаа заедничка обука за да се избегнат инциденти во сирискиот воздушен простор, додаде Картаполов.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе