Русија и НАТО во истовремени „воени игри“ на Балтикот (ВИДЕО)

Руски борбени авиони денес имаа вежба над Балтичкото море каде што воени маневри има и НАТО, соопшти денес руската војска.

EPA-EFE

Балтичката флота на Русија наведе во соопштение дека денес десетина нивни авиони Су-24, Су-27 и Су-30 вежбале напад на цели на море.

Флотата наведе дека нејзината вежба е во исто време со вежбата Балтопс 2020 на НАТО на Балтикот, но не се знае колкава била одалеченоста меѓу нив.

Односите на Русија и Западот паднаа на најниско ниво од Студената војна поради руската анексија на Кримскиот Полуостров, наводната поддршка на Москва на бунтовниците на истокот на Украина и други спорни прашања.

Москва повеќе пати изрази загриженост поради разместувањето на силите на НАТО во близина на руската граница, што го смета за закана за својата безбедност, а двете страни разменуваат обвинувања поради одржувањето на маневрите.

САД и другите членки на НАТО често се жалат дека руските борбени авиони ги загрозуваат нивните, што Москва го негира.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе