По најавата за бркање дипломати

Русија ѝ испрати протестна нота на Грција и го повика на разговор грчкиот амбасадор во Москва

Руското Министерство за надворешни работи денеска го повика на разговор грчкиот амбасадор во земјата, Андреас Фриганас, и му предаде протестна нота поради протерувањето двајца руски дипломати од Грција.

Москва „упати остар протест поради најавата за протерување двајца руски дипломати и забраната за влез на грчка територија на двајца други руски граѓани“, соопшти Министерството за надворешни работи.

Се истакнува дека Русија ги смета овие дејства за „апсолутно неосновани“, дека Грција не ги поткрепила со факти и дека се спротивни на карактерот на нивните билатерални односи, на кои „ова дејство може сериозно да им наштети“.

„Очигледно, Вашингтон стои зад ваквата антируска одлука на грчката влада, што беше темпирано на отворањето на самитот на НАТО и отворено беше поддржано од изјава на Стејт департментот“, вели Министерството.

Грција во средата објави дека ќе преземе „мерки за заштита на националните интереси“, по наводното мешање на руски официјални лица во решавањето на спорот за името на Република Македонија.

Русија обвиненијата од Атина ги отфрли како целосно неосновани и рече дека Москва ќе одговори на протерувањето на руските дипломати од Грција со протерување двајца грчки дипломати од земјата.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе