Русија и Иран иронично ја коментираат американската иницијатива за почитување на нуклеарниот договор

Москва и Техеран денес иронично го коментираа пред Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) барањето на Вашингтон Иран да ги почитува одредбите од нуклеарниот договор од 2015 година, иако Соединетите Американски Држави се повлекоа од договорот минатата година.

„Страшно е иронично да се свикува итна средба на барање на САД, државата која е одговорна за актуелната ситуација“, изјави амбасадорот на Иран во ИАЕА Казем Гариб Абади.

На бизарноста посочи и рускиот претставник Михаил Улјанов, според кој Вашингтон, откако договорот го нарекуваше „ужасен“, сега ја истакнува неговата важност.

„Ги повикуваме сите членови на Советот (на гувернери) силно да ја осудат таквата американска деструктивна политика“, додаде Улјанов.

Свикан на барање на САД откако Иран ги прекрши своите обврски од договорот, вонредниот состанок на гувернерите на ИАЕА во Виена им овозможи на европските држави кои се потписнички на тој договор да повторат дека сакаат Техеран да ги почитува своите обврски.

Целта на нуклеарниот договор кој го склучија Франција, Британија, Германија, САД, Русија и Кина во јули 2015 е да гарантира дека иранската нуклеарна програма има исклучиво цивилен карактер.

Состанокот заврши беа завршна изјава, соопштија дипломатите.

Според дипломатски извор во Виена, ИАЕА кажала дека земјите членки потврдиле дека нивото на збогатен ураниум во Иран е на 4,53 отсто, односно онолку колку што соопшти Техеран.

Тоа ниво е далеку од 90 отсто колку што е потребно за производство на нуклеарна бомба, велат експертите.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе