Русија и Иран го спасуваат нуклеарниот договор

Русија и Иран сакаат да се „спаси“ нуклеарниот договор, изјавија во Москва шефовите на дипломатиите на двете земји, додека администрацијата на претседателот на САД Џо Бајден треба да реши дали ќе ја врати Америка во клучниот договор.

EPA-EFE

„Особено актуелна тема е спасувањето (на договорот) и ние, како и Иран, сакаме враќање на неговата целосна примена“, изјави рускиот министер Сергеј Лавров.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф додаде дека Иран „ја дели идејата дека треба да се спаси договорот од ризиците и опасностите кои се појавија по повлекувањето на САД“.

Иран и големата „шестка“ (Кина, САД, Франција, Британија, Русија и Германија) го потпишаа во Виена во 2015 година Заедничкиот сеопфатен акциски план за решавање на иранското нуклеарно прашање по 12 години тензии.

Меѓутоа, опстанокот на тој договор е доведен во прашање откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2018 еднострано ја повлече земјата од договорот и повторно воведе санкции против Техеран.

Оценувајќи дека политиката не неговиот претходник кон Иран била неуспешна, новиот американски претседател Џо Бајден најави враќање на земјата во тој договор.

Меѓутоа, за тоа е потребно Иран стриктно да ги почитува одредбите на договорот, Техеран, пак, бара укинување на наметнатите санкции и Вашингтон да ги почитува своите обврски.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе