Русија ѝ ги врати на Украина трите заробени брода (ВИДЕО)

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека Москва ѝ ги предала на Украина трите брода кои ги зароби минатата година.

Репортер на Ројтерс на Крим видел бродови на крајбрежната стража кои вчера ги влечеле трите брода низ Керченскиот мореуз кон Црното Море, подготвувајќи ги за примопредавање.

„Русија намерава да спречи идни провокации во близина на нејзината граница, вклучувајќи ги и оние кои ја загрозуваат безбедноста на патувањето по море“, се наведува во соопштението на руското министерство.

Властите во Киев го потврдија враќањето на бродовите и наведоа дека тие набрзо ќе бидат префрлени во Одеса.

Украина побара нивно враќање како гест на добра волја пред четиристраниот мировен самит за источна Украина следниот месец во Париз.

Вродовите беа заробени на 26 ноември минатата година по нелегалниот обид да минат низ Керченскиот теснец, кој ги спојува Азовското и Црното Море, каде Русите во меѓувреме изградија мост кој ги спојува Крим и континентална Русија.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе