Русија и Америка испраќаат заедничка мисија на Венера

Русија постигна договор за истражување на планетата Венера во заедничка мисија со САД, изјави лидерот на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин во интервју доцна синоќа.

Фото: Пиксабеј

„Со Американците се договоривме за заедничка мисија на Венера“, рече Рогозин, додавајќи дека заедно полесно ќе го прифатат предизвикот и од економска и од техничка гледна точка.

„Таквите проблеми полесно се решаваат заедно со користење на талентите на нашите научници“, рече Рогозин, но не прецизираше кога мисијата би можела да биде лансирана.

Најблискиот планетарен сосед на Земјата, Венера е слична по големина на нашата планета, но нејзината површина е обвиткана со густи облаци, а поради катастрофалниот ефект на стакленик на површината има неколку стотици степени Целзиусови.

Русија првично најави мисија на Венера минатата година, со прелиминарни датуми на лансирање помеѓу 2027 и 2029 година. Неодамна, Обединетите Арапски Емирати, исто така, објавија намера да ја истражат планетата.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе