Русија го поедностави добивањето руско државјанство за Украинците во окупираните територии

Рускиот претседател Владимир Путин во средата потпиша декрет со кој се поедноставува процесот на добивање руско државјанство за Украинците што живеат на териториите што руските војници ги зазедоа во јужна и источна Украина.

Русија се обидува да ја заостри контролата врз деловите на Украина што ги окупира, вклучително и брзото државјанство за жителите на два јужни региони. Опцијата за брзо државјанство доаѓа во време на шпекулации дека Москва би можела да воспостави постојана контрола врз областите што ги зазеде во својата тримесечна инвазија на Украина.

Русија во 2019 година првпат воведе поедноставена шема за пасоши за жителите на регионите под контрола на сепаратистите Луганск и Доњецк на источна Украина. Се проценува дека над 200.000 луѓе оттогаш добиле руско државјанство.

Новиот декрет на Путин ја проширува шемата на луѓето што живеат во украинските региони Запорожје и Херсон и стапува во сила веднаш.

Јужниот регион Херсон е под целосна контрола на руските трупи, додека југоисточниот регион Запорожје е делумно контролиран од Москва.

„Граѓаните на Украина, Народна Република Донецк (ДНР) или Народна Република Луганск (ЛНР), кои постојано живеат на територијата на ДНР, ЛНР, регионот Запорожје во Украина или Херсонската област на Украина, имаат право да аплицираат за државјанство на Руската Федерација на поедноставен начин“, се вели во декретот.

„Поедноставениот систем ќе ни овозможи на сите јасно да видиме дека Русија е тука не само долго време, туку засекогаш“, изјави за руските државни медиуми заменик-претседателот на Херсон, назначен од Москва, Кирил Стремусов.

Официјални лица поддржани од Москва, исто така, вршат притисок за формална анексија кон Русија.

Киев го нарече планот „флагрантно кршење“ на суверенитетот на Украина.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе