Русија го отфрли повикот на Америка, нема да ги отстрани ракетите 9M729

Кремљ го отфрли повикот на Америка Русија да ги отстрани поставените крстосувачки ракети 9M729 способни да носат нуклеарни боеви глави, велејќи дека се во согласност со договорот за контрола на оружјето од времето на Студената војна.

Кремљ наведе дека тој систем е во согласност со Договорот за нуклеарно оружје (ИНФ), потпишан во 1987 година меѓу Москва и Вашингтон.

Ројтерс наведе дека висок американски официјален претставник вчера порачал дека Русија мора да ги отстрани ракетите 9M729 и нивните фрлачи или да го променат дометот на тоа вооружување за да биде во согласност со ИНФ договорот и со тоа да се избегне повлекувањето на САД од тој пакт.

„Русија не ги прекршила, не ги крши и останува посветена на своите обврски според ИНФ договорот“, изјави Дмитриј Песков за новинарите во Кремљ.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе