„Сето тоа ќе влијае на билатералните односи“

Русија го осуди уривањето на спомениците од советско време во балтичките земји

Министерството за надворешни работи на Русија го осуди уривањето на спомениците од советско време во балтичките земји како „русофобно“ и порача дека тоа ќе влијае на билатералните односи.

EPA-EFE

Како што пренесува Ројтерс, Москва во острото соопштение Летонија, Литванија и Естонија ги обвини и за ксенофобија и дискриминација, кажувајќи дека етничките руски малцинства се третираат како „луѓе од втор ред“.

„Она што сега се случува во балтичките држави за нас е неприфатливо и сигурно ќе влијае на состојбата на билатералните односи со овие земји, кои се во целосен пад“, соопшти руското министерство за надворешни работи.

Отстранувањето на советските споменици во балтичките земји се интензивираше откако Русија изврши инвазија на Украина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе