Русија: Го ослободивме Азовстал, последните украински борци се предадоа (ВИДЕО)

Русија објави дека целосно ја зазела територијата на челичарницата Азовстал во која се наоѓаа последните украински борци во Мариупол. Руското министерство за одбрана соопшти дека Азовстал е целосно ослободен.

EPA-EFE

„Територијата на металуршката фабрика Азовстал во Мариупол, каде група украински милитанти од нацистичката формација Азов беше блокирана од 21 април оваа година, е целосно ослободена“, кажа портпаролот на руското министерство за одбрана генерал-мајорот Игор Конашенков.

Подземните објекти на фабриката се под контрола на руските трупи, соопшти рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Руското министерство за одбрана објави дека од 16 мај 2.439 неонацисти од Азов и украински војници блокирани на територијата на фабриката го положија оружјето и се предадоа. Последната група од 531 милитант се предаде денес“, јави руската државна агенција РИА Новости.

Меѓу нив е командантот на украинскиот ултранационалистички баталјон Азов Денис Прокопенко, соопшти руското министерство на Телеграм.

„Таканаречениот „командант“ на нацистите од Азов, поради омразата на жителите на Мариупол и желбата на граѓаните да го казнат за бројните злосторства, е изнесен од фабриката во специјален оклопен автомобил“, јави руското министерство.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе