Русија го обвинува Црвениот крст што конвојот не стигнал во Мариупол

Руското Министерство за одбрана го обвини Меѓународниот црвен крст за доцнење, поради што хуманитарните конвои не можеа да стигнат до опколениот Мариупол во петокот и саботата, пренесува руската новинска агенција Интерфакс. Конвоите тргнаа многу доцна и не можеа да стигнат до Мариупол на време, цитира Интерфакс висок претставник на Министерството за одбрана.

Фото: ЕПА

Конвојот на Црвениот крст во петокот се упати кон Мариупол, но бидејќи не можеше да продолжи, се врати и најави нов обид за саботата.

Генерал полковникот Михаил Мизинцев, директор на Рускиот национален одбранбен центар, изјави дека Меѓународниот комитет на Црвениот крст се покажал неспособен да се подготви за евакуација на цивили. Поради Црвениот крст, конвоите тргнаа многу доцна на 1 и 2 април и не можеа да пристигнат навреме во Мариупол, вели Москва.

Работниците на Црвениот крст непланирано го запирале конвојот по пат, а некои возила се расипале, па морале да се вратат, вели Мизинчев. Црвениот крст не одговорил веднаш на барањето за коментар.

Украинската влада во саботата објави дека илјадници луѓе успеале да излезат од градовите во кои се води војната. Вкупно 765 цивили го напуштиле Мариупол со свои возила, објави на Телеграм вицепремиерката Ирина Верешчук.

Речиси 500 луѓе успеаја да излезат од градот Бердјанск, рече таа, додавајќи дека на сите дестинацијата им е Запорожје. Десет автобуси тргнаа од Бердјанск, а евакуацијата ќе продолжи во недела, изјави Верешчук, а пренесе германската агенција дпа.

Жителите во саботата успеаја да побегнат и од градовите Северодоњецк и Лисичанск во областа Луганск, рече Верешчук, додавајќи „Продолжуваме да работиме“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе