По две недели пауза

Русија го нападна Киев за време на посетата на шефот на ОН

Руските сили го бомбардираа главниот град на Украина доцна во четвртокот за време на посетата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој ја осуди „апсурдноста“ на војувањето во 21 век.

Фото: ЕПА

Најмалку три лица се ранети во нападите во западниот дел на Киев, први во главниот град по речиси две недели. Гутереш претходно ги посети Буча и другите предградија каде што Москва, наводно, извршила воени злосторства, вели Москва тајмс.

Во станбен дел на Киев, дописниците на Франс прес виделе зграда во пламен и црн чад како се извива во воздухот.

„Слушнав звук на две ракети и две експлозии. Тоа беше звук сличен на авион што лета, а потоа две експлозии со интервал од три до четири секунди“, изјави за АФП Олександр Строганов (34).

Градоначалникот Виталиј Кличко рече дека имало „два напади во областа Шевченковски“, при што во еден биле погодени „долните катови на станбена зграда“. Три лица се пренесени во болница, но степенот на нивните повреди не се знае.

„Тоа е воена зона, но шокантно е што се случи блиску до нас“, изјави за АФП Савијано Абреу, портпарол на хуманитарната канцеларија на ОН, кој патуваше со Гутереш, додавајќи дека делегацијата е безбедна.

Зеленски рече дека нападите, веднаш по неговите разговори со Гутереш, биле обид на Русија „да ги понижи ОН и сѐ што претставува организацијата“.

Портпаролот на руската војска изјави за новинарите дека армијата на Москва извршила воздушни напади врз 38 воени цели, уништувајќи седум складишта за муниција, но не го спомна Киев или поширокиот регион околу главниот град.

Гутереш, кој по разговорите во Москва со рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Киев, ја нарече војната „злобна“ и побара Кремљ да соработува со истрагата на Меѓународниот кривичен суд за обвинувањата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе